Connect with us

Магазин

Замрзнување на јогурт? Еве зошто не смеете да го правите тоа

Многумина од нас практикуваат да купуваат поголеми количини храна наеднаш, па да го замрзнат она што нема да го користат веднаш.

Но, млечните производи како јогурт и кисело млеко не е препорачливо да ги замрзнувате. Тие нема да се расипат, но при одмрзнување ќе забележите дека производот веќе ја нема истата конзистенција, ниту пак вкусот. Ова не значи дека се расипал, туку дека пастеризацијата која е задолжителна при индустриската преработка, ја менува структурата на млекото од кое се произведуваат.

Доколку користите јогурт за готвење, со термичката обработка ќе се постигне хомогеност, но за пиење нема да ја добиете истата течност како претходно. Природното непастеризирано млеко може да се замрзне, бидејќи потоа секако се вари до зовривање. Но, во течните и полутечните преработки, протеинските структури при замрзнување се одделуваат од водата која ја содржат, па поради различните точки на смрзнување, кога ќе ги оставите на собна температура ќе забележите „партали“ од протеини низ производот.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement