Connect with us

Забава

Запознајте ги „злобните“ ВИП гости од серијата „Squid Game“

„Зошто ликовите во серијата „Squid Game“ зборуваат на лош англиски?“, е прашањето поставено во еден недамнешен наслов, кој само го повторува прашањето од стотина твиотви и мемиња. Виновници за ова прашање се „ВИП“ гостите – четири милијардери кои зборуваат на англиски и носат маски.

Оваа серија за кратко време стана најпопуларната на светот, па „Гардијан“ го поставува прашањето зошто глумците кои зборуваат англиски јазик зборуваат како да користат Гугл преведувач.

„Squid Game“ е светска сензација. Насилната корејска серија која ги меша носталгичните детски игри со огромна количина на смрт ги надмина сите очекувања да стане најуспешниот проект во историјата на „Netflix“. Серијата преку ноќ од своите главни улоги направи светски ѕвезди, со неколку значајни исклучоци.

Најголемото прашање е кои се луѓето зад маските, злобните бизнисмени кои ги гледаат во живо последните две игри во серијата.

„Имам напишано повеќе книги за Битлси од било кој човек на планетава“, вели Џефери Џулијано, единствениот од групата „ВИП“ гости кој освен маската, ја соблече и наметката која ја носеше во серијата. Џулијано е ангажиран откако ги импресионирал продуцентите со својата улога во корјескиот хорор „Хотел за Бусан“, но пред тоа бил најпознат како писател.

Даниел Кенеди, кој игра два лика од „ВИП“ гостите, не се чувствува како да добил голема слава. Во Кореја глуми од 2014 година, но ги прифаќа сите критики во врска со улогата.

„Патам од ескремна клиничка депресија, па критиките беа мал предизвик“, вели тој, додавајќи дека иако на почетокот го потресувале коментарите, успеал да ги филтрира вистинските критики.

Помеѓу овие двајца глумци е и Џон Д. Мичелс, брадестиот педесетгодишник кој глуми во Кореја последните пет години, а обично се наоѓа во улога на воени лица или кариерни политичари.

„Мислам дека вистинската работа е да се разбие митот дека не собрале од улица“, вели Мичелс, кој освен што се појавува на екран, пишува и режира филмови.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement