Ден

За две години 6 нови лекови за лицата со ретки болести

За две години за лицата со ретки болести, Министерството за здравство воведе 6 нови лекови. Откако во изминатите три години буџетот за пациентите со ретки болести е тројно зголемен, од 210 милиони денари во 2017, во 2018 на 224 милиони а во 2019 е 380 милиони денари, буџетот за ретките болести за оваа, 2020 година има најголем скок на 527 милиони денари.

„Пациентите со ретки болести ќе го имаат потребниот лек. Покрај тоа воведовме и електронски регистар за ретки болести. Имаме одлична комуникација со граѓанските организации и пациентите, заеднички сме посветени за унапредувањето на здравјето на сите пациенти со ретки болести. Со нив заедно ги поставивме целите и приоритетите за националната стратегија за ретки болести, 10 годишен документ кој ќе стане стратешки документ за планирање и имплементација на системски решенија за пациентите со ретки болести. Продолжуваме и понатаму со вистинска грижа“, стои во постот на фејсбук профилот на министерот Филипче.

Можеби ќе ве интересира:

Полициски час од недела во 11 часот до вторник во 5 наутро

Во последен час се разговара за 58 часовниот викенд карантин

Александар Тодески

Чулев: Очекуваме зголемен број на мигранти со олабавувањето на мерките

×

Следете не