За сите демократија, за Пауновски „пркос“ – Како премиерот го смени ставот за различностите во владата?

Инспекторите и јавноста втор ден застануваат на страна на директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски. Неговата посветена работа се виде во изминатата година и половина, откако почнаа рестрикциите за спречување на ширењето на коронавирусот, а остана и еден од ретките за кого лош збор не кажаа ниту опозицијата, ниту критичарите, ниту пак блиските до власта, се додека не одлучи да не остане партиски податник и да „аминува“  35 рамковно вработени службеници за кои службата немала потреба.

Пауновски посочи и дека својот потпис го ставил само за оние за кои Државниот пазарен инспекторат имал потреба, но не и за сите, како и дека нема да го стори тоа па и по цена да биде разрешен, нешто што по неколку дена го најави премиерот Зоран Заев, велејќи дека немало да трпи пркос и дека во владата имало хирерахија која треба да се почитува.

Зоран контра Заев: Пркос или демократија?

Несогласлувања во овој владин состав имало многу, најчесто од коалиционите партнери од помалите политички партии, но за сите премиерот одговарал речиси исто – „Помина времето кога никој не смееше да има различни ставови од премиерот. Денеска нема режим, туку има демократија“. Сепак, овој негов став не важи и за директорот на ДПИ, Пауновски, бидејќи за неговите различни ставови, Заев најави разрешување.

На страна на Пауновски, освен инспекторите и најголемиот дел од јавноста, застанаа и поранешни високи функционери од СДСМ, чиј сопартиец е директорот на Државниот пазарен инспекторат, но официјален став од партијата сѐ уште нема.

Во меѓувреме, додека се случуваа оваа конфронтација, на повидок во СДСМ се и големи промени, откако свое повлекување од позицијата најави и заменик-претседателката на партијата и актуелна министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

Инспекторите и јавноста го бранат Пауновски, Груби и Николовски со поддршка за Заев

Директорот на ДПИ молчи, но гласни се инспекторите и јавноста – Не треба да се казни оној кој посветено работи за службата и кој ја кренал институцијата на повисоко ниво.

Вицепремиерите Артан Груби и Љупчо Николовски пак, испратија соопштение во ист тон со премиерот, велат дека за секое несогласување околу владини одлуки постоеле и постојат јасни механизми истото да се оствари низ институциите преку соодветната организациска поставеност, преку службени белешки, преку работни состаноци, на кои се аргументираат спроведувањето на политиките и одлуките во реализацијата на програмите на Владата.

Тие посочуваат и дека Заев во текот на вчерашниот ден имал обид за директна комуникација со директорот Пауновски со цел изнаоѓање заедничко решение, но Пауновски не одговорил на повикот.

„Владата на 43-тата седница има донесено и одлука за 104 нови вработувања на инспектори во инспекторатите, при што ги има задолжено Министерствата за финансии, за информатичко општество и администрација и за политички систем да ги одобрат годишните планови за вработување на инспекциските служби, а особено за Државниот пазарен инспекторат. Станува збор за нови вработувања кои никако не се поврзани со распределбата на веќе вработените според правична застапеност“, стои во соопштението на Груби и Николовски.

А.Т.

loading...

Останати вести

Жена го кршела владиниот автомобил кој го користи Груби

admin

МОН и Државниот матурски одбор ќе го реализираат концептот од 2007-2013 година

Elena Daskalova

Борисов: Идните генерации нема да ни простат ако не најдеме компромис

admin