Ден

За „тенденциозноста“ околу 5Г мрежата – Фактите наспроти текстовите за кликови

Во текот на вчерашниот ден, Ден.мк одлучи да го преземе текстот на Fighting Fake news narratives (Ф2Н2) поради дезинформации кои се шират за влијанието на 5Г мрежата, а за кои порталот Ф2Н2 со сериозна анлиза му пристапува на овој проблем. Текстот не наиде на ниту една реакција од порталите кои се посочени во него, а кои споделувале вести поврзани со помор на птици и нивната нималку оправдана поврзаност со новата генерација на технологијата, освен од порталот „Брегалнички“.

Освен од Ф2Н2, овој портал побара извинување од Ден.мк, барање во кое освен наводна тенденциозност, не даваат друг аргумент. Ден.мк водејќи се од фактите, посочува неколку работи, токму поради јавноста, за која исто така пишува „Брегалнички“ во барањето.

  1. Порталот има објавено две вести поврзани со 5Г мрежата. Првиот текст е воден единствено од фотографија и низа коментари од групи направени на социјалните мрежи против 5Г мрежата, додека пак втората вест е став на поранешната пратеничка и претседателка на партијата Глас за Македонија, Солза Грчева. Повторно, во веста се ставени коментарите под нејзиниот коментар објавен на социјалните мрежи, а чии имиња се скриени од страна на авторот;
  2. Порталот кој сака да пишува и зборува за ширење на лажни вести, во ниту еден момент нема наведено дека институциите, АЕК и телекомункациските оператори посочуваат дека во моментите кога се направени тие фотографии, ниту после тоа, во Македонија не се правел тест за оваа нова генерација на технологијата. Телеком и А1, како и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, посочија дека никој не почнал со инсталација на 5Г мрежата во земјава, факт кој исто така го нема во тенденциозните текстови за мрежата;
  3. Порталот кој вели дека веста била тенденциозна исто така пренесува дел од изјавата на министерот Манчевски, во која тој вели дека во 2019 година имало тест за 5Г, но не умирале врапчиња, повторно, во коментаторски стил, а не во информативен, со што ги насочува читателите кон наводната штетност од мрежата, која е непотврдена, а со тоа и неоснована. Доколку пак се работи за коментар на изјавата на официјално лице, зачудува што нема потпис на авторот кој го нуди своето мислење на граѓаните;
  4. Текстот, кој повторно кажуваме, не е напишан од страна на Ден.мк, туку е презмен од страна на Ф2Н2, за што постои и хиперлинк кон веста, не ја коментира уредувачката политика, ниту пак било што поврзано со уредувањето, нешто што треба да го судат самите читатели, туку вади статистика на вести кои еднострано известуваат за 5Г мрежата која повторно наведуваме, не се тестира, ниту пак имплементира во Македонија.

Во отсуство на докази дека текстот на Ф2Н2, а во кој освен еден хиперлинк кон проталот „Брегалнички“, нема никаква друга поврзаност со него, поратлот сепак побара извинување, а во кое неоправдано и без факти, инсинуира дека други портали ширеле лажни вести.

Потсетуваме дека како што ние имаме одговорност кон јавноста, секој друг портал од кој граѓаните црпат информации има обврска да ги споделува вестите и информациите на правилен начин, но и да ги проверува вестите пред тие да стигнат до крајната цел, односно читателите, бидејќи само така некој може да се повикува на релевнатност на информациите.

Бидејќи неименуваниот автор на мејлот со кој се бара извинување се повикува на постоечките закони и законски акти, го охрабруваме да прочита што всушност предвидуваат законите, па потоа да се повикува на истите.

Александар Тодески

Можеби ќе ве интересира:

Galaxy Note20 телефоните на Samsung добија поголем екран

Microsoft Surface Duo пристигнува со напредна поддршка за стајлус

Прелистувачот на Гугл дава можност да не направите „seen“ на Месинџер

×

Следете не