Зборуваме за вакцините: Синовак

Вакцината Синовак е одобрена за масовна употреба од страна на СЗО, а во моментов во најголем број е на располагање на граѓаните во Македонија.

Неодамна беа набавени 500.000 дози, предвидени за забрзување на вакциналниот процес. Сепак, оваа вакцина предизвика мала недоверба кај граѓаните, поради податокот дека нуди околу 51% заштита од можна зараза со коронавирусот и неговите мутации кои во моментов циркулираат низ народот. Исто така, на социјалните мрежи се спроведува и делумна пропаганда против оваа вакцина, па поради тоа ја избравме да биде предмет на овој текст.

Сепак, не смее да се заборави фактот дека оваа вакцина одамна е одобрена за итна употреба, насекаде низ светот.

Изработена е според традиционалната технологија на деактивиран, но жив вирус, кој навлегува во телото уште со првата доза, стимулирајќи го имунолошкиот одговор. Со тоа, нашиот организам најпрво одговара со антитела, а потоа создава „меморија“, за да може да го препознае вирусот или некоја од мутациите и соодветно да нè заштити.

Втората доза од Синовак се аплицира три недели по првата. Во одредени случаи може да се аплицира по две или по четири недели.

Ја препорачуваат и за лица со коморбидитети и оние кои веќе имаат историја со други респираторни заболувања. Може да ја примаат и жени кои дојат, но и трудници. Соодветна е и за пациенти кои веќе прележале ковид-19, а од негативниот тест до вакцинација треба да поминат околу шест месеци.

Не смеат да ја примаат лица кои имаат активна инфекција со ковид-19, оние кои се алергични на некоја од состојките, како и лица со моментални акутни заболувања, но и ниту оние кои закрепнуваат од ковид-19.

Во однос на заштитата од изразени симптоми на болеста и хоспитализација, вакцината е ефикасна околу 90%.

Имајте предвид дека поради делта-сојот и неговите мутации оваа ефикасност може да варира, но во секој случај, заштитата е поголема отколку кај невакцинираните лица.

Синовак КовидВак е препорачлива за лица над 18 години. Не заборавајте дека дури и по две примени дози, се уште треба да се штитите и себе и луѓето околу вас.

loading...

Останати вести

МВР ќе бара притвор за крадците марихуаната од Јосифово

admin

Истрагата ќе го бара „кртот“ кој го информирал Мијалков за притворот

admin

Српскиот епидемиолог Кон по вакцинацијата: Се чувствувам целосно нормално

admin