„Земја на номадите“ триумфираше на Оскарите, статуетка доби и Ентони Хопкинс

Ноќеска се одржаа првите социјално дистанцирани Оскари во историјата на филмската уметност и филмските награди.

Фаворитот на многумина „Земја на номадите“ (Nomadland), ја освои златната статуетка за Најдобар филм за 2020 година. Ова дело беше фаворит на многу филмски критичари, според кои наградата е целосно заслужена.

Оскар доби и актерот Ентони Хопкинс за својата улога во филмот „Таткото“.

Ова се победниците во најглавните категории:

– Најдобар филм: „Nomadland“

– Најдобра режија: Клои Жао, „Nomadland“

– Најдобра машка улога: Ентони Хопкинс (Тhe Father)

– Најдобра актерка: Франсис Мекдорманд (Nomadland)

– Најдобра споредна машка улога: Даниел Калуја

– Најдобра споредна женска улога: Ју Јунг-јун

– Најдобар странски филм: „Drunk“, Томас Винтерберг, Данска

– Најдобар документарен филм: „ Мy Octopus Teacher“

– Најдобар анимиран филм: Soul – Студио Пиксар

– Најдобро оригинално сценарио: „Promising Young Woman“

– Најдобро адаптирано сценарио: „The Father“

Комплетната листа на сите победници можете да ја погледнете тука.

loading...

Останати вести

Бугарски медиум: Споредбата на Захариева на Тито и Хитлер – кандидат за „најглупава изјава на годината“

admin

Македонците од денес имаат опција да се вакцинираат и во Бугарија

Elena Daskalova

Инклузивен процес и исцрпна јавна расправа, побара владата за најавеното спојување на предмети во образованието

admin