Connect with us

Свет

Земјотрес го погоди прекрасниот грчки остров, издадено предупредување за ризик од цунами

ОБНОВЕНО: Според последните информации, едно лице загинало, а најмалку деветмина се повредени во овој земјотрес.

Земјотрес со магнитуда од 6 степени според Рихтер го погоди омилениот туристичко остров Крит, во соседна Грција. Грчките и турските власти издадоа предупредување за можен ризик од цунами.

Во земјотресот биле урнати неколку објекти, а постојаните жители и туристите се во процес на евакуирање. Засега нема повредени или загинати.

Атинскиот геодинамички институт соопшти дека земјотресот се случил во 9:17 часот по локално време, а епицентарот бил на 246 километри југоисточно од Атина.

По големиот земјотрес, имало и два помали, кои немале разорно дејство врз островот.

Луѓето во паника ги напуштиле своите домови и на многумина не им е дозволено да се вратат внатре, додека спасувачките екипи не бидат сигурни дека не се разнишани објектите, кои при евентуален следен удар може да се урнат врз луѓето.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement