Ден

Зошто лекарите сe почестo се разболуваат од коронавирусот?

Експертите за пандемија велат дека сè уште е нејасно зошто коронавирусот потешко ги погодува здравствените работници отколку другите пациенти, но тоа е можно затоа што тие се почесто во контакт со заразените.

„Ние ја знаеме причината за високата смртност кај постарите лица, но не разбираме зошто здравствените работници се изложени на поголем ризик од другите млади пациенти“, вели д-р Питер Хотез, декан на Националната школа за тропска медицина во Хјустон.

Нема ништо подестабилизирачко отколку здравствените работници да се разболат и ќе ни треба време да утврдиме што ги прави поподложни на болеста отколку другите пациенти – вели тој за Си-ен-ен.

Ова обраќање на Хотез се случи викендов, кога Американскиот колеџ за итна медицина соопшти дека двајца лекари кои страдаат од вирусот се во критична состојба. Тие се доктор од Вашингтон во неговите 40-ти и 70-годишен од Њу Џерси. Лекарот од Вашингтон не е познато дека е заразен на работа или во заедницата, иако ги следел сите релевантни протоколи. Лекарот во Њу Џерси е специјалист за подготвеност за итни случаи и бил примен во болницата со проблеми со дишните патишта, а од саботата е пуштен од одделот за интензивна нега.

„Јас сум длабоко вознемирен од оваа вест, но не сум изненаден“, смета д-р Вилијам Жакис, претседател на Американскиот колеџ за итна медицина, додавајќи дека како лекари за итни случаи, тие ги знаат ризиците кои се вклучени и се обединети со нивните колеги.

Д-р Ли Венлианг, доктор во Централната болница Вухан, за кој се смета дека е херој за обидот да ги алармира колегите за вирусот, иако полицијата го обвини за ширење гласини – починал неколку недели откако се заразил. Откако ги извести своите колеги за седумте пациенти заразени со вирусот во декември, докторот почина на 7-ми февруари.

Во тоа време, бројот на случаи во Кина достигна само 31.000, а сега повеќе од 685.000 луѓе се заразени ширум светот.

„Можеби тоа е заради повисоката доза на вирусот со кој се заразуваат“, хипотезираше Хотез, додавајќи дека тие навистина не знаат уште и дека им треба време за да дознаат.

– Лекот за коронавирусот веќе чини многу за Владите и здравствените системи. Ако здравствените работници се изоставени и не можат да се грижат за пациентите, ова е загатка за која не постои план „Б“. Во овој момент, ние мора да направиме нешто за да им дадеме на лекарите дополнително ниво на удобност, заклучува Хотез.

Болници во потрага по лекари

Лекарите – и постари и помлади, како и оние со одредени медицински состојби, ризикуваат да бидат заразени со коронавирусот. Проблемот се јавува во природата на болеста, на која се изложени медицински лица, особено оние во првите линии, кои ќе продолжат да го пренесуваат меѓу себе, и ќе треба да се изолираат доколку го имаат вирусот. Некои веќе се разболеле, пишува „Политико“.

– Десетици здравствени работници во САД се крајно подложни на заразата – напишаа двајца експерти од универзитетот Јеил на блог за здравствени проблеми.

– Овој тренд ќе се забрза во наредните недели и месеци, а состојбата со маски и друга заштитна опрема е влошена, се додава таму.

Болниците ќе треба да дознаат како да ја надополнат својата работна сила, бидејќи покрај лицата со зараза од коронавирус, има и други пациенти со сериозни здравствени проблеми на кои им е потребна грижа. Голем број лекари кои сакаат да помогнат, но сè уште не работеле на интензивна нега, велат дека не добиле упатства, но имаат пензионирани лекари кои можат да помогнат доколку е можно да ги обноват лиценците.

Можеби ќе ве интересира:

Кина: Навремено го информиравме СЗО за коронавирусот

Александар Тодески

Нов Зеланд одлучи да ја укине мерката за физичка дистанца

Александар Тодески

Папата Франциск ги осуди расизмот и насилството во САД

Александар Тодески
×

Следете не