Зошто не смеете целосно да ги исклучите јаглехидратите од исхраната?

Многу долго веруваме дека за да има ефект диетата, мора да се откажеме од продуктите кои содржат јаглехидрати, односно од лебот, тестенините, но и од овошјата како банани, смокви, грозје или пак зеленчуците меѓу кои и морковот, компирот, грашокот и боранијата.

Меѓутоа, имајте на ум дека наглото исфрлање на одредени видови храна од секојдневната исхрана воопшто не е здраво, напротив, може да биде и доста штетно. Јаглехидратите се важни, бидејќи тие даваат енергија на вашето тело. Особено не смеете да се откажете од нив доколку редовно спортувате. Секогаш е подобро да јадете леб, тестенини, ориз или компири, наместо да ги замените со индустриските диетални производи.

На друг начин кажано, обидете се во исхраната да ги задржите и доматите и леблебијата и боранијата, односно сите природни извори на таканаречените добри јаглехидрати. Тие производи, меѓу другото, содржат и важни хранливи состојки и минерали, нешто што индустриски преработените шеќери го немаат. На сметка на тоа, имаат големи количини рафиниран шеќер и засладувачи, кои се далеку полош избор отколку порција тестенини.

Кога е најправилно да се консумираат јаглехидрати?

Она што малкумина го знаат е дека оброкот богат со јаглехидрати е најдобро да се консумира за појадок или за ран ручек (најдоцна до 14 часот), кога метаболизмот е побрз, споредено со попладневните часови. На овој начин ќе успеете да ги согорите во текот на денот.

Истото важи и доколку вежбате. Најдобро е да имате оброк богат со јаглехидрати пред тренингот, бидејќи тогаш ви е потребна повеќе енергија, наместо да надоместувате со калоричен оброк по вежбањето.

loading...

Останати вести

ДАЛИ ЗНАЕВТЕ? Зошто на врвот на елката се става ѕвезда?

Elena Daskalova

Светот се соочува со недостиг на чипови за смартфони и лаптопи

admin

Јупитер и Сатурн се сретнаа на небото, еве како тоа изгледаше

Elena Daskalova