Ден

Импланти во градите и го спасиле животот

Лекари од Канада пријавиле случај во кој силикони во градите и го спасиле животот 30 годишна жена.

Инцидентот се случил во Онтарио, а лицето кое пукало и оружјето се уште не се пронајдени.

Девојката била надвор, кога одеднаш почувствува остра болка и силна топлина во левата града. Откако се погледнала, сфатила дека крвари и отишла во локална болница во Онтарио, каде лекарите откриле влезна рана во горната лева града што укажувало на повреда од огнено оружје, како и дека било пукано од близина.

Куршумот, како што пренесуваат локалните медиуми, и скршил едно ребро, но застанал под десната града откако поминал низ вториот имплант. И двата импланти и биле отстранети, како и куршумот.

Откако била извршена реконструкција на траекторијата на куршумиот, медицинскиот тим заклучил дека доколку ги немала силиконите, куршумот ќе завршел во срцето на 30 годишната жена.

Можеби ќе ве интересира:

KNOCKED ME DOWN на Галоски – летен хит кој веќе го освојува Балканот

Во продажба е првиот број на енигматскиот магазин „Лавиринт Плус“

Александар Тодески

Нега на кожа по примерот на Мерилин Монро

×

Следете не