Интересен факт: Очилата ја намалуваат шансата за заразување со коронавирус

Уште во времето кога беа регистрирани првите случаи на КОВИД-19, една од препораките на СЗО беше со неизмиени раце да не се допираат лицето, носот, устата и секако, очите.

Со дланките, во текот на денот, допираме многу нешта кои можат да бидат контаминирани со многу микроорганизми и бактерии, па дури и со вируси кои подолго време преживуваат надвор од тело. Некогаш, сосема несвесно, се допираме по очите, носот, устата и ушите, без да знаеме дека ги изложуваме на опасност.

Врската меѓу очите и коронавирусот е комплицирана, но и многу логична. Солзните канали, всушност, се отворена врата кон нашиот организам и се многу блиску до синусите. Освен што вирусот може да предизвика солзење и засилено лачење секрет од солзниот канал, вирусот може да навлезе и во телото и да заврши во респираторниот систем. Имајте предвид дека назалниот дел, синусите и грлото се тесно поврзани, пред сè заота што се сконцентрирани на сосема мала површина, па лесно е да се заразите.

Лекарите и СЗО советуваат да не ги допирате очите ако рацете не ви се измиени бидејќи иако ретко се случува, можноста коронавирусот да навлезе во вашето тело токму преку нив постои и не смеете да ја игнорирате.

Од друга страна, вирусот веќе има повеќе мутации, а некои од нив уште не се доволно истражени и не постојат целосни сознанија за тоа колку може да навлезат преку солзните канали во вашето тело. Изминативе денови, истражувачи од Индија докажале дека луѓето кои носат очила помалку ги допираат очите, но и дека самите очила создаваат бариера меѓу надворешната средина и окото, па вирусот потешко навлегува преку солзните канали.

Секако, препораката да се обидете да не ги допирате очите, особено ако рацете не ви се измиени и дезинфицирани, важи и понатаму, без разлика дали носите очила или не.

loading...

Останати вести

Каракачанов: Нема компромис со антибугарската политика

admin

Македонија утре во жолта фаза со многу ниски температури

admin

(ВИДЕО) Методологијата за „чистка“ во судството ќе биде прифатена месецов

admin