Ден

Интер го менува Мартинез со Обамејанг

Интер го гледа напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг како една од потенцијалните алтернативи за Лаутаро Мартинез, пренесува Goal.com.

Според изворот, 30-годишниот репрезентативец на Габон би можел да премине во тимот на Антонио Конте, доколку 22-годишниот Мартинез замине во летниот преоден рок. Реал Мадрид е подготвен да плати 111 милиони евра за аргентинскиот напаѓач.

Во сезоната 2019/20, Обамејанг постигна 16 голови и даде 1 асистенција на 27 натпревари за Арсенал.

Неговиот договор со „топџиите“ е до крајот на јуни 2021 година.

Можеби ќе ве интересира:

Луд меч на Новак Ѓоковиќ за голема победа и пласман во финалето против Циципас

Нејмар со нова тужба кон Барса: Бара 6,5 милиони евра поради данокот за „фиктивни договори“

Кореецот Сон ќе биде ставен во карантин по враќањето од Сеул