Ден

Исмајлоска-Старова до Милошоски: И ние имаме материјали, ќе ви ги објавиме

Ние како Независна пратеничка група апелиравме за дебата и се надевам дека ќе биде променето нивото на разговорот, рече пратеничката од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Нола Исмајлоска-Старова. Му порача на пратеникој Антонио Милошоски дека учествувал и славел за изборот на СЈО и Катица Јанева, но и дека и независните пратеници имаат материјали кои ќе ги објавуваат ако продолжи Милошоски да го прави истото.

„Во март предложивте во член 32-а да стои дека прислушуваните материјали треба да бидат индиции, а не докази. Како сега ова е најголем проблем на ВМРО-ДПМНЕ. Во член 110 истото се предлагаше. Тој член и во овој момент ги обработува прислушуваните материјали за кои ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Хирстијан Мицскоски зборуваше дека не треба да бидат докази. Ако мавтаме со материјали и ние имаме материјали, наредно ќе ги читаме“, рече Исмајлоска-Старова.

Антонио Милошоски возврати дека пратениците биле под притисок да гласаат, и честиташе коалиција – СДСМ и Крсто Мукоски.

Пратеничката Емилија Александрова пак, реагираше дека во пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гледа давеници кои се обидуваат да се спасат, по што настана хаос и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ почна да ѕвони на ѕвончето на претседателската маса.

„Овој закон го направивте во ваша лична борба. Ја направивте партијата заложник, со кое право го правите тоа колега Милошоски. Многу луѓе веруваат во партијата, но за жал многу од нив завршија во затвор и сега вие сте патриотот, а тие предавници. Колега Антонио Милошоски, напуштете ја партијата, ја заробивте“, рече Александрова.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира:

Мицкоски со предлог за „шпицен кандидати“ за мандатар на идната влада, Заев ќе биде носител на листа во четвртата ИЕ

Две лица сомнителни за инфицираност со коронавирусот побегнале од Штипската болница

Ременски: Поднесов 16 кривични пријави против 6 министри и експремиер, затоа сум обвинета за „Рекет 2“