Ден

Какви ритуали имаат познатите пред спиење?

Секој човек има некакви навики и ритуали што ги прави скоро секоја вечер пред спиење. Ритуалите на познатите личности не се разликуваат од нашите, но некои од нив и тоа како знаат да изненадат.

Всушност, повеќето луѓе секоја вечер пред заминување во кревет сакаат да направат некои работи кои со текот на времето им станале ритуали, како што се миење на заби, чешлање коса, спремање на гардероба за наредниот ден, „листање“ на социјалните мрежи, и слично. Славните личности, кога станува збор за спиењето можеби имаат и малку необични навики и ритуали.

Ким Кардашијан и Каније Вест

­Ким и Каније можете да ги сакате или не, но тие сепак знаат колку е важен сонот. Овој пар води постојано сметка за тоа на што спие, па според странските медиуми, потрошиле скоро милион долари на креветите и душеците кога се преселиле во новиот дом. Ким обожава квалитетна постелнина, која пред спиење мора да биде миризлива, испеглана и затегната. Во состојба е за време на неделата и неколку пати да ја промени постелнината на која спие.

Опра Вифни

Нема сомнение дека Опра Винфри е една од најуспешните жени во светот, а за нејзиниот успех и тоа како се важни квалитетниот сон и одмор. Опра во едно интервју открила дека има секојдневен ритуал пред спиење секогаш си дозволува топло и долго капење. Таа го обожава мирисот на купката, па во својата „бјути“ колекција има различни миризливи соли, топчиња и масла.

Мараја Кери

За нејзиниот глас да биде беспрекорен, таа инсистира на тоа да спие 15 часа. Освен тоа, таа изјавила дека  сака „кревет со пареа“, па нејзиниот кревет е опкружен со скоро 20 навлажнувачи на воздухот. Пејачката тврди дека не постои полесен начин за да потоне во сон.

Том Круз

Круз има големи проблеми со ‘рчењето, па во својата куќа има соба со ѕвучна изолација на ѕидовите. Сето ова актерот го направил за да успее да се исконтролира, или барем малку да го намали гласното ноќно „дишење“. Оваа специјална соба Том ја уредил додека се уште бил во бракот се Кејти Холмс, за да можат и двајцата подобро да спијат.

Можеби ќе ве интересира:

Бидете одговорни: Пандемијата уште не е готова

Шопинг во време на пандемија: Како да тестирате парфеми безбедно?

Како да исчистите пегла која загорела?

×

Следете не