Connect with us

Магазин

Како да подготвите највкусен печен компир

Нашата трпеза и македонската традиционална кујна се незамисливи без компирите, кои освен што имаат добар вкус, се полни и со хранливи состојки кои треба да ги внесуваме.

Се разбира, пржениот компир или попознат како помфрит не е најидеалната опција за користење на овие хранливи материи, па затоа многумина го подготвуваат со варење или печење.

Со помош на овој трик, ќе добиете највкусен печен компир како што не сте пробале досега.

Малку намастен сад за печење ставете го да се загрее во рерната. Во меѓувреме компирите сварете ги кратко да омекнат, но да не бидат целосно сварени. Исцедете ги, исечете ги на крупни парчиња и ставете малку брашно и измешајте додека не биде секој компир прекриен со него. Во тавата ставете ги компирите, потоа квалитетно масло, зачини и неколку лажички маргарин во тавата. Печете околу половина час, а потоа измешајте и оставете да се печат уште 20 минути, односно повеќе или помалку, во зависност од вашата желба и вкус.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement