Ден

Како полесно ќе ја поднесете самоизолацијата според хороскопскиот знак

Вашиот хороскопски знак може да ви даде некакви идеи како да се носите со носадата или немирот, во време кога сте присилени да останете дома.

Овен: Исчистете го својот дом до совршенство

За Овните изолацијата тешко им паѓа, но тоа не значи дека времето кое ќе го поминете дома треба да биде исполнето со досада.

Доколку не можете да излезете и да ги правите работите во кои вообичаено уживате, можете да го искористите ова време за темелно чистење на домот. Можеби на другите им недостига начин да најдат забава, но вие знаете како да внесете возбуда во се што правите. Освен тоа, вашата одлучност и желба по секоја цена да ја одбегнете досадата, значи дека ќе направите се што е потребно, наместо да наоѓате изговори.

Бик: Опуштете се на најдобар начин

За Биковите да останат дома е остварување на соништата. Не им треба многу за да се забавуваат, се додека имаат добра книга, удобна фотелја или омилената серија.

Затоа, искористете го ова време себе да си ги дозволите сите опуштања кои сте ги посакувале, но сте немале време.

Близнаци: Време за филмски маратон

Близнаците секогаш бараат по освежување и нови погледи за она што го знаат. Вашите желби за дружење ќе бидат ограничени, но затоа можете да организирате филмски маратон од омилените филмови, па потоа можете да разговарате со пријателите за некои нови моменти кои сте ги забележале. Доколку и вашите пријатели се дома, можете да иамте виртуелен филмски маратон.

Рак: Одвојте време за себе

Раковите постојано се грижат за другите и за своите блиски се секогаш тука на располагање.

Сепак, доколку мора да бидете во затворен простор, одвојте време за себе. Можете да ги подготвите омилените оброци, гледате омилените серии и обидете се да не си предизвикате стрес премногу.

Лав: Размазете се

Лавовите сакаат да бидат опкружени со луѓе, а останувањето дома може да делува многу вознемирувачко и непријатно за нив.

Сепак, наместо да се грижите за тоа, можете да се обидете да се размазите со она што ви е на располагање. Посветете си внимание.

Девица: Поткренете нов проект

Иако некој ова време ќе го искористи за чистење или работа на севе, тие решенија не се за вас. Вие постојано работите. Наместо да се нервирате и да бидете под стрес поради намалената продуктивност, потрудете се да најдете нов проект или хоби. Интернетот е преполнт со направи сам проекти, а сега е одлично време да го прифатите новиот предизвик.

Вага: Останете поврзани со саканите личности преку социјалните мрежи

Доколку не можете да бидете заедно со своите пријатели или семејство, следна најдобра опција е комуникацијата преку социјалните мрежи. Можете да направите интересни и смешни слики или забавни селфиња со смешни натписи. Можете да откривате нови апликации. Се додека се чувствувате поврзано со надворешниот свет, времето кое го поминувате во затворено не изгледа страшно.

Скорпија: Извадете ја вишокот енергија

Многумина претпоставуваат дека вам не ви смета што сте изолирани бидејќи сакате да бидете сами. Меѓутоа, вие сакате да бидете сами под вашите услови, а не затоа што немате друга опција. Најдобар начин за да ги одвратите мислите од тоа, е да најдете начин за да го исфрлите вишокот на енергија. Без оглед дали ќе одберете нова рутина која вклучува домашни вежби или ќе се окупирате со нови задачи, мора продуктивно да работите за да заборавите дека вие не ја одбравте оваа изолација.

Стрелец: Гледајте видеа за патувања или документарни филмови

Доколку не можете да бидете надвор, можете надворешниот свет да го донесете дома. Можете да гледате видеа на Јутјуб за патувања и истражување нови места. Може ќе бидете малку љубомоври, но ќе добиете идеја за што се можете да истражувате.

Јарец: Испланирајте мали задачи

За да си ја олеснете работата, обидете се да си направите мали задачи за да се чувствувате продуктивно. Секогаш можете да најдете нов проект, но откако ќе го завршите дадете си одмор. Во ред е да сте постојано зафатени, но кога веќе имате слободно време за опуштање, тогаш тоа би требало да го искористите.

Водолија: Направете го она што го осложувате

На Водолијата секогаш мислите и летаат. Затоа, сега кога сте дома, тоа можете да го искористите за правење на оние работи кои досега сте ги запоставувале. Најчесто ги одложувате секојдневните задачи бидејќи наоѓате нешто што ви се чини дека е повредно за вашето внимание.

Риби: Претворете ја својата креативна енергија во нешто што можете да го допрете

Ривите располагаат со голема енергија. Тоа не значи физичка енергија која треба да ја исфрчат, туку ментална и креативна енергија која треба да ја употребат.

Без разлика дали се работи за составување песни или некоја друга направи сам креативност, која отсекогаш сте сакале да ја направите, но не успеавте, ова е добар момент за тоа.

Можеби ќе ве интересира:

Карлеуша од карантин со жешко видео, ги предизвика и колешките

Кристина Денесовска

Таткото на Леди Гага преку Твитер бара помош: Ми требаат 50.000 долари

Кристина Денесовска

Станаа филмски ѕвезди без ниту еден ден училиште за глума

Кристина Денесовска
×

Следете не