Ден

Каранфиловски: Платите на докторите специјалисти се зголемуваат од 9200 денари до 12 000 денари

Претседателот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита  д-р Љубиша Каранфиловски изјави дека вложувањето во здравството не е трошок, туку инвестирање во иднината и со потпишување на анексот на колективен договор за здравствената дејност, ова е едно од најголемите покачувања на платите во здравството.

-Вложувањето во здравството не е трошок, туку инвестирање во иднината. Едно е јасно, системот на здравствена заштита е еден од столбовите на државата, па затоа достоинствената работа на здравството мора да е во центарот на активностите, не само на синдикатите, туку и на Министерството и Владата, бидејќи е предуслов за пружањето поквалитетна здравствена заштита, воедно и за економското закрепнување и заздравување на здравството.
Самото потпишување на анекс на колективен договор за здравствената дејност го потврдува приоритетот на владината политика за платите во здравството, што воедно претставува придобивка со која се подобрува општествено социјалниот статус на здравствените работници, здравствените соработници и помошно-техничкиот персонал. Ваквиот пристап е предизвик особено во земјите во кои има опасност од одлив на здравствени кадри, бидејќи факт е дека здравствените работници се најголемиот и најважниот ресурс на здравството, истакна Каранфиловски кој додаде дека со последните измени во анексот на колективниот договор за здравствената дејност, платите на докторите специјалисти во нето основна плата се зголемува од 9200 денари до 12 000 денари, а на докторите на медицина зголемувањето се движи од 4200 до 4600 денари, без додатоците на платата.

Можеби ќе ве интересира:

Нови 89 заразени и седуммина починати од коронавирусот

Александар Тодески

Заев: Избори ќе има на 5 јули, полицискиот час не е решение за намалување на бројките

И Славјанка Петровска во задолжителна самоизолација

×

Следете не