Ден

Кајли донира 1 милион долари за заштитна опрема за докторите

Ријалити ѕвездата Кајли Џенер од својата популарна линија за козметика заработи милјарда долари. Од тоа богатство дел ќе донира за здравствените работници кои ги лекуваат пациентите заразени со коронавирусот, пишува Daily Mail.

Минатата недела таа веќе донираше 1 милион долари за маски за лцие и заштитна опрема за докторите кои се на првата борбена линија против вирусот.

– Без зборови сум, солзи ми течат од радост, а срцето ми е исполнето со благодарност. Ти благодарам Кајли, ти си мојот херој. Оваа донација ќе спаси многу животи – рекла докторката која ја породила Кајли.

Пред тоа, Кајли на социјалните мрежи ги замоли своите следачи да останат во своите домови и да не излегуваат.

Можеби ќе ве интересира:

Прв пат по разводот: Раста уловен со новата девојка

Кристина Денесовска

Пресврт: Почина два дена откако прати охрабрувачка порака

Кристина Денесовска

Поради блокадите Анастасија се сели кај момчето

×

Следете не