Ден

Ким, луѓе умираат: Повторно ги разбесни луѓето сред пандемијата

Реалити ѕвездата Ким Кардашијан на социјалните мрежи го сподели својот план за донирање пари, како помош на фондот кој го основаше Baby2Baby, непрофитна организација која ги осигура потребните работи за сиромашните деца кои живеат на подрачјето на Лос Анџелес, каде живее и Кардашијан во дворец со осум соби за спиење и 10 бањи.

Но, немирот не беше предизвикан од тоа што Ким сака да донира пари, туку од начинот на кој то сака да го направи.

Во објавата на Инстаграм, Ким ги повика обожавателите да купуваат производи од нејзината марка Skims, а таа ќе донира 20% од профитот на споменатата организација за деца.

Слична објава сподели и на Твитер.

Тоа значи дека луѓето мора да ги купат нејзините прозиводи за таа дел од заработката да донира на хуманитарната организација. Луѓето започнаа да го изразуваат своето незадоволство, прашувајќи ја зошто таа не може да донира пари од нејзиното богатство, кое е проценето на 350 милиони долари.

Луѓето остро реагираа на оваа објава на Ким. Едни се изјаснија дека е тотално погрешно тоа што го прави, други бесно реагираа доведувајќи ги во прашање нејзините намери и прашувајќи се зошто само 20%, кога може да донира и 100% од тој профит, наместо да се обидува да профитира од пандемијата.

Можеби ќе ве интересира:

Овие се четирите најемпатични хороскопски знаци

Кристина Денесовска

Ќе ви го расипе расположението: Одбегнувајте ги овие парчиња облека во изолација

Кристина Денесовска

Сите сме преплашени: Помошникот на кралицата Елизабета позитивен на коронавирусот

Кристина Денесовска
×

Следете не