Ден

Кина испраќала туристи низ светот за да го шират вирусот, тврди советник на Трамп

Советникот за економија на американскиот претседател Доналд Трамп, Питер Наваро, ја обвини Кина дека два месеца го криела новиот коронавирус од светот, како и дека испраќала туристи од Вухан ширум светот за ширење на вирусот.

– Вирусот се појави во провинцијата Вухан, нултиот пациент е откриен во ноември. Кинезите го криеја вирусот од светот зад штитот на СЗО цели два месеца, а потоа испратија стотици илјади граѓани во Милано, Њујорк и низ целиот свет за ширење на вирусот – рече Наваро за Еј-би-си.

Тој исто така рече дека Кина би можела да го задржи вирусот во Вухан, но тој, наместо тоа, прераснал во пандемија.

– Затоа велам дека Кинезите тоа ѝ го сторија на Америка и дека тие се одговорни – рече Наваро.

Наваро, кој официјално е директор на Канцеларијата за трговија, ги предводи напорите на американската администрација да набави медицински материјали и заштитна опрема за време на пандемијата.

Можеби ќе ве интересира:

Двајца починати и 38 новозаразени од коронавирус

Полицијата со засилена контрола дали се носат маски

Во сабота завршува вонредната состојба, почнуваат да течат роковите за избори

×

Следете не