Ден

Кинески научници со ново откритие: Кажаа која крвна група е најзагрозена, а која е најотпорна на коронавирусот

Луѓето со крвна група А (II) се подложни на инфицирање на коронавирусот, додека оние со нулта крвна група се најотпорни, се вели во студијата на група кинески научници објавена на веб-страницата „medRxiv“.

Кинеските научници прегледувале податоци од 2.000 пациенти од болници во Вухан и Шенжен, вклучувајќи и повеќе од 200 смртни случаи.

Според нивните податоци, меѓу жителите на Вухан, 34 проценти имаат крвна група 0, 32 проценти тип А (II), 25 проценти Б (III) и 9 проценти АБ (IV).

За да ги добијат овие информации, научниците анализирале крв на 3.700 граѓани на Вухан кои не се заразени со болеста, пренесува TASS.

Од друга страна, најзаразени жители на Вухан (38 проценти) се оние со крвна група А, додека 26,4 се заразени со крвна група Б, а 25,8 проценти од заразените имаат нулта крвна група. Најмалку пациенти, десет проценти, се оние со АБ крвна група.

За да ја проверат својата теорија, тие направиле контролна студија на 398 дополнителни пациенти од Вухан и Шенжен и го добиле истиот резултат.

Можеби ќе ве интересира:

Вакцината за коронавирус ќе се дава во две дози, велат научниците

Александар Тодески

Минеаполис: Расформирање на полицијата – Се спрема нов модел на јавна безбедност

Александар Тодески

Тропската бура Кристобал ја погоди Луизијана

Александар Тодески
×

Следете не