Ден

Која е тајната на кинескиот успех против вирусот: Руски лекар го посети Вухан и предвидува три сценарија за крајот на пандемијата

Кинезите презедоа невидени мерки за борба против коронавирусот и организираа карантин што никогаш не беше виден во човечката историја, изјави д-р Александар Семјонов, заменик директор на Институтот за епидемиологија и микробиологија во Санкт Петербург.

Семјонов, кој ја посети Кина двапати за време на епидемијата на коронавирус, рече дека шеесет милиони луѓе биле сместени во строг карантин во Кина и дека целата земја ги почитувала мерките за самоизолација и самоконтрола.

„Никој сè уште не сторил такво нешто. Кинеското искуство, целосно ограничување на контактите, многу му помогна на светот. Тие покажаа како епидемијата може ефективно да се запре. Ова се виде и во Јужна Кореја, која го следеше кинескиот пример и се бори против епидемијата “, изјави Семјонов за РТС, а пренесува Танјуг.

Говорејќи за Италија и Шпанија, тој изјави дека вирусот дошол таму во мали количини, но неколку пати.

„Властите долго време се двоумеа меѓу удобноста на населението и потребата да се затворат сите граници. Оваа неодлучност на надлежните и долгата акумулација на поединечни случаи предизвикаа инфекцијата да се шири полека кај нив, но таа постоела цело време и затоа тие доцна почнаа да реагираат“, рече Семјонов.

Тој наведува дека логиката вели дека е веројатно епидемијата полека да престане и да заврши.

„Да ​​започнam со најлошото сценарио – епидемијата станува огромна и го преплавува целиот свет. За мене е тешко да верувам во тоа. Коронавирусот не е заразен како на пр. вирусот на грип “, изјави тој.

Друго сценарио, рече тој, е дека епидемијата се шири низ светот во бранови.

„Не се разболуваат многу луѓе, но цело време има заразени. Ова е, исто така, малку веројатно, бидејќи сезоната на респираторни инфекции се ближи кон својот крај во северната хемисфера. Има многу помалку луѓе кои живеат на јужната и тешко е да се одржи таква масивна епидемија “, забележува Семјонов.

Третото сценарио е дека епидемијата ќе помине и повторно ќе се врати.

„Треба да го пронајдете минливиот домаќин на вирусот. Научниците се осврнаа на проблемот и наскоро ќе добиеме одговор “, вели рускиот лекар, наведувајќи дека е можно епидемијата да заврши како во случајот со болеста САРС, која се појави, го опфати и исплаши целиот свет и ја нема веќе 17 години.

„Сакам да верувам во тоа сценарио“, заклучи тој.

Можеби ќе ве интересира:

Франција го премина прагот од 3.000 смртни случаи од Ковид-19: Од нив 418 во последните 24 часа

Никола Поповски

Руски лекар и научник: Вирусите, во кои спаѓа и Ковид-19 мутираат многу брзо

Црна Гора: Нема излегување од 19 до 5 часот, за викендите уште построги мерки

×

Следете не