fbpx
Connect with us

Анализи

Кој е можен наследник на Заев?

Убедливата победа на опозициската коалиција на локалните избори и драстичниот пад на градоначалнички места предводени од социјалдемократите вчера го донесоа она што беше најавено меѓу двата круга – заминување на лидерот на партијата и премиер, Зоран Заев од двете позиции. Тој посочи дека останува во СДСМ, но како партиски член, додека пак лидерската позиција ќе ја отстапи, чувствувајќи се како највиновен за изборниот пораз.

И додека опозицијата слави победа, останува прашањето кој ќе го наследи Заев прво на премиерската, а потоа и на лидерската позиција. Иако првата асоцијација е заменик министерот Димитар Ковачевски кој нема никаква дамка зад себе и е најверојатната замена, тука е и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, тоа најверојатно нема да се случи, токму поради изборниот пораз во Куманово.

Следното име кое се споменуваше за можен наследник на Заев е министерот за здравство, Венко Филипче, но со оглед на последните случувања со модуларната болница во Тетово, како и неприфатената оставка, останува да виси и неговото име.

Најгласно се споменува името на вицепремирот Љупче Николовски, како кадар кој би можел да го замени Заев на двете места, како и на неговата заменичка во партијата и дирекотрка на УЈП, Сања Лукаревска, едниот бидејќи е близок соработник на премиерот во заминување, додека пак Лукаревска според високата партиска функција.

Сепак лидерот ќе биде одбран од партиските членови на избори, како што тие му дадоа поддршка на Зоран Заев за нов партиски мандат, а се погласно се зборува и за можен наследник од т.н. „скопско крило“, кое во меѓувреме покажа најголемо незадоволство, а кое кулминираше и со тивкото заминување на министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска од функцијата заменик-претседател на СДСМ.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement