Ден

Кралскиот пар ја откажа пролетната турнеја

Принцот Чарлс и војвотката од Корнвел, Камила, ја откажаа својата пролетна турнеја поради ширењето на коронавирусот. Кралскиот пар требаше да ја посети Босна и Херцеговина, Кипар и Јордан за време на својата турнеја.

Mirror.uk јавува дека и двајцата се добро но имаат повеќе од 70 години и спаѓаат во критичната група, па затоа лекарите ги предупредиле дека најдобро е да ја откажат турнејата.

„Британската влада ги замоли нивните височества да ја одложат својата пролетна турнеја поради ширењето на вирусот“, истакнал портпаролот ја куќата Клеренд.

Целото кралско семејство внимава поради вирусот, а кралицата Елизабета и принцот Чарлс на последните состаноци на се ракуваа со никого. Секојдевно ги следат упатствата од британската влада, а се надеваат дека ситуацијата ќе се смири набрзо.

Можеби ќе ве интересира:

KNOCKED ME DOWN на Галоски – летен хит кој веќе го освојува Балканот

Во продажба е првиот број на енигматскиот магазин „Лавиринт Плус“

Александар Тодески

Нега на кожа по примерот на Мерилин Монро

×

Следете не