Ден

Лежела заглавена во фиока 13 часа, докторите одвај и ја спасиле раката

Триесет и деветгодишната Клер Монтело помислила дека ќе умре, откако се заглавила помеѓу душекот на креветот и фиоката, цели 13 часа. Бизарната несреќа се случила на крајот на јануари во нејзиниот дом во Англија, во моментот кога нејзиниот сопруг и трите деца не биле дома.

„Имаме брачен кревет со механизам што може да го крене душекот, а под него имаме голема фиока  каде што ги чуваме работите. Сакав да извлечам нешто кога механизмот се олабави и целиот кревет ми падна на раката“, раскажува Клер.

Таа вели дека ја чувствувала раката буквално срамнети со земја, а потоа почнала многу да и отекува. Во својата изјава за медиумите, вели дека немала сила сама да го крене душекот, а како одминувало времето, таа имала се помалку и помалку сила. Не можејќи да се движи, дури и толку колку да си го земе мобилниот телефон, таа остнала заглавена 13 часа, додека нејзиниот сопруг не се вратил дома, кога и ја видел својата сопруга заглавена и без свест.

Кога сопругот пристигнал дома и ја нашол, веднаш почнал да го крева душекот, што резултирало со
уште поголем проблем – Крвта се ширела толку нагло што раката буквално експлодирала.

„Не сум сигурна дека некогаш ќе можам да ја користам левата рака“, изјавува таа.

Клер била пренесена во болница, каде што била подложена на четири операции за само две недели, за да ја спаси раката.

„Не можев да верувам што се случи, мислев дека ќе умрам. Откако мојот сопруг се вратил од болницата, тој ја зел секирата и го пресекол креветот на мали парчиња“, вели Клер, додавајќи дека повраќала најмалку 40 пати од болката.

Можеби ќе ве интересира:

KNOCKED ME DOWN на Галоски – летен хит кој веќе го освојува Балканот

Во продажба е првиот број на енигматскиот магазин „Лавиринт Плус“

Александар Тодески

Нега на кожа по примерот на Мерилин Монро

×

Следете не