Ден

Лут сируп од рен за подобар имунитет

Ренот е лут коренест зеленчук кој е богат со витамини Б1, Б6, Б2, Ц, како и со магнезиум, калиум и железо.

Има слични својства како и ѓумбирот, односно ги чува крвните садови и го подобрува метаболизмот. Овој домашен сируп можете да го имате во секој дел од годината и да го земате по потреба.

Состојки:

150 гр рен
3 лимони
3 лажици мед
Една лажичка цимет
Една лажичка ѓумбир

Подготовка:

Ренот и ѓумбирот излупете ги и изрендајте ги. Исцедете лимон и додадете го во смесата. Потоа ставете го медот и на крај циметот. Измешајте и чувајте во чиста тегла.

Откако ќе ја испиете оваа доза (една лажичка наутро и една навечер) паузирајте еден месец, па потоа повторно можете да го земате. Доколку веќе пиете лекови за хронична состојба, консултирајте се со матичниот лекар.

Можеби ќе ве интересира:

KNOCKED ME DOWN на Галоски – летен хит кој веќе го освојува Балканот

Во продажба е првиот број на енигматскиот магазин „Лавиринт Плус“

Александар Тодески

Нега на кожа по примерот на Мерилин Монро

×

Следете не