Ден

Македонски концепт за одлуката за почеток на преговори: Огромен успех и јасна перспектива за иднината

„Тргнувајќи од нашата стратешка определба за полна евро-атлантска интеграција на Република Северна Македонија, со радост и воодушевување ја примивме веста за одлуката на ЕУ да отпочне пристапни преговори со нашата земја. Им честитаме на сите Македонци, без разлика на кој етнички, верски, политички или друг идентитет го носат во себе. Ова е огромен успех за сите нас и за нашата држава. Сега имаме јасна перспектива кон иднината, а тоа е целосна европеизација на македонската држава и општество. Им честитаме на сите оние кои активно работеа да биде донесена оваа одлука“, се вели во соопштението на Македонски концепт.

„Македонски концепт се залага за деидеологизација на македонското општество, како единствен начин да дојдеме до политичко и идеолошко помирување помеѓу нашите граѓани. Алтернатива на „идеологиите“, кои доволно не ги спознаваме во овој момент од развојот на македонската Република, ги заменивме со европеизација, процес кој е суштински за нашата држава во следниве десет плус пет години (10 + 5 години). Во таа смисла, одлуката на ЕУ е остварување и официјална промоција и на идеолошката платформа на Македонски концепт.

Очекуваме политичките фактори и сите останати во државата, заеднички да ги мобилизираме и да ги вложиме сите наши капацитети тој процес на европеизација на државата и општеството, колку може повеќе, да го поддржиме, да го олесниме, да го намалиме времетраењето, а за многу кратко време и да ги констатираме нашите први успеси во спроведување на пристапните преговори со Европската Унија.

Република Северна Македонија ќе биде полноправна членка на ЕУ, без никаква дилема“, додаваат оттаму.

Можеби ќе ве интересира:

(ГАЛЕРИЈА) Втор „продолжен“ полициски час

Филипче: Човечноста е на тест – стоп за стигматизација!

Жители на Чаир се разбегаа по почнување на полицискиот час (ВИДЕО)

×

Следете не