Македонците од денес имаат опција да се вакцинираат и во Бугарија

Бугарската клиника Комак Медикал од денеска започнува да прима заинтересирани Македонци за вакцинација, со вакцините Фајзер и Модерна.

Како што соопштува агенцијата БГНЕС, во дворот на Александровата клиника ќе бидат поставени пунктови за вакцинација, а сите македонски граѓани кои имаат и бугарско државјанство ќе можат да се пријават за вакцинација. Според докторот Милен Врабовски, нема да бидат одбиени ниту оние кои не поседуваат бугарски пасош.

Врабовски е познат филантроп кој уште на почетокот на пандемијата беше меѓу првите кој донираше значајна количина на медицински потрошен материјал во Македонија.

Пријавувањето може да се изведе во канцелариите на Комак Медикал во Скопје и Софија.

loading...

Останати вести

МВР ќе распише потерница по Сашо Мијалков

Elena Daskalova

Интересен факт: Очилата ја намалуваат шансата за заразување со коронавирус

Elena Daskalova

МВР ќе бара притвор за крадците марихуаната од Јосифово

admin