Ден

Манчевски: Со мерките правиме напори, но состојбата е непревидлива и ги немаме сите информации

„Намалувањето на платите е една превентивина мерка, за подоцна да можеме побрзо да се вратиме во форма и да ја спасиме економијата, бидејќи без приватниот бизнис нема плата за администрацијата, но и обратно“, истакна Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во „Клик Плус“ на ТВ21, додавајќи дека навистина ќе требаат сериозни напори за воопшто да се подели таа плата.

„Со мерките правиме напори, но состојбата е непревидлива и ги немаме сите информации“, рече Манчевски, нагласувајќи дека „би бил многу среќен доколку кризата заврши за 2-3 месеци, но има и други сценарија, да трае многу подолго.

„Во секој случај во оваа приказна сме сите заедно, соочени со сериозна криза, можеби најголема во историјата, и треба да си помагаме и да не ги ставаме личните пред заедничките интереси“, истакна Манчевски.

Министерот смета и дека дека во вакви услови кога нема пари, партиите би требало да се откажат од своето финансирање од буџетот на Македонија.

Можеби ќе ве интересира:

ВИДЕО: Тринаесетти полициски час во Скопје

Александар Тодески

(ФОТО) Пожарникарите порачуваат: Седи дома

Бајратар: Лицата што останаа без работа да аплицираат за минимална помош

Александар Тодески
×

Следете не