Connect with us

Анализи

МАРнет „заглави“ поради невремето од пред три дена

Додека се обновуваат и модернизираат веб страниците на сите државни институции, за што неретко се трошат илјадници евра, Македонската Академска Истражувачка Мрежа – базата на сите веб страници со кодовите „.mk“ и „.мкд“ се чини дека е заглавена во времето. Најновиот проблем пак, иако велат дека ќе го решат за најкус можен рок, ја направи нивната страница неупотреблива веќе два дена.

На страницата освен што не може да се пристапи до информациите за тоа во чија сопственост се домените без пребарувачот да информира дека страницата е небезбедна, од вчера истиот дел од страницата воопшто и не функционира.

Овој дел е круцијален за сите оние кои сакаат да купат домен или пак да го обноват стариот, нешто што претходно целосно го правеше МАРнет, а веќе неколку години истото е префрлено само кај фирмите кои вршат хостинг услуги.

Додека МАРнет не го среди проблемот со кој се соочува, фирмите не можат да вршат продажба на домени, ниту пак да ја продолжат важноста на постоечките за кој граѓаните платиле вчера или денеска од причина што немаат пристап до Македонската Академска Истражувачка Мрежа.

Ден испрати прашања до МАРнет за тоа со каков проблем се соочуваат и колку време ќе им треба истиот да го решат, со оглед на тоа што многумина имаат купени домени или пак сакаат да ги продолжат веќе постоечките, а од таму добивме краток одговор дека се соочуваат со сериозен проблем кој според нив ќе бил отстранет во најкус можен рок.

“Се соочуваме со сериозен технички проблем предизвикан од неодамнешното невреме. Стручен тим активно работи на отстранување на истиот и се надеваме дека проблемот ќе биде отстранет во најкус можен рок“, ни одговорија кусо од таму.

Инаку, МАРнет е основана во 2010 година, а со истата раководи шестчлен Управен Одбор кој го избира владата.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement