Маските не се задолжителни на отворено, полицискиот час останува до 15 јуни

Маските на отворено од утрово не се задолжителни, но полицискиот час од полноќ до 4 часот наутро останува на сила до 15 јуни.

Владата посочи дека маските ќе продолжат да бидат задолжителни во јавниот и такси превозот, како и во сите затворени простори.

На спортски натпревари, присуството на публика ќе биде дозволено до 30 проценти од вкупниот капацитет, со задолжително почитување на растојанието помеѓу посетителите од 1,5 – 2 метри.

Мерката за забрана за собирање на повеќе од четири лица на отворено е укината, а организирање свадби, прослави и забави на отворено е дозволено во присуство на максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот. Максимум шест лица можат да седат на една маса, а музиката во живо е дозволена само на свадби, и во согласност со правилата.

loading...

Останати вести

Израел вакцинираше најголем процент од популацијата

Elena Daskalova

Фирми без елаборати за заштита на животната средина работат во курот на Железара

admin

Северна Кореја бара вакцини против коронавирус иако нема пријавено активни случаи

admin