Мачките ја намалуваат вознемиреноста кај деца со аутизам, покажуваат истражувањата

Познато е дека домашните миленици придонесуваат за подобро расположение на нивните сопственици… Ново истражување на Истражувачкиот центар за интеракција меѓу луѓето и животните при Колеџот за ветеринарна медицина во Мисури (САД), посочува дека вдомувањето и одгледувањето мачки може да ја намали анксиозноста и да ја подобри емпатијата кај децата со нарушување од аутистичниот спектар на болести АСД.

Трудот објавен во американскиот „Журнал“ за педијатриска нега посочува дека децата со аутизам доживеале значително зголемување на социјалните вештини по спријателувањето со мачки. Тоа значи – опаѓање на проблематичното однесување, како што се агресивност, хиперактивност и невнимание, односно помала вознемиреност.

Д-р Гречен Карлајл, научник од Истражувачкиот центар, ги анализирала податоците на над 700 семејства кои поседувале мачка како домашно милениче. Таа открила дека, и покрај одговорноста за миленичето, и децата со аутизам и нивните родители пројавиле позитивни резултати и промени во однесувањето.

– Некои од најголемите предизвици со кои се соочуваат децата со аутизам вклучуваат вознемиреност и тешкотии во комуникацијата. А, миленичињата можат да помогнат во зголемувањето на социјалната интеракција и да ја намалат анксиозноста, па така – тие не се само корисни во обезбедувањето спокој и поддршка на децата со аутизам, туку и за нивните родители, објаснува д-р Карлајл.

Истражувачите се надеваат дека резултатите од ова истражување ќе поттикнат поголем број семејства да размислат за вдомување мачки.

loading...

Останати вести

Јанев: Ќе помогнеме во санирањето на штетите во Глобал

admin

Македонија меѓу земјите каде состојбата со корупцијата е најмногу влошена

admin

Фајзеровата вакцина ефикасна и против мутациите на коронавирусот

admin