fbpx
Connect with us

Анализи

МВР „чешла“ сертификати само на повик, нема ингенернции тоа да го прави самоиницијативно

Единаесет лица со фалисифкуван сертификат и шест без сертификат за вакцинација или прележан Ковид-19 затекнала полицијата од август до декември, колку што е на сила одредбата со која на невакцинираните им се забранува влез во молови, кафулиња, кафеани, обложувалници, казина, културни или спортски натпревари. Ова го добивме како одговор од МВР, од каде посочија и дека согласно своите овластувања и надлежности полициските организациони единици при МВР во целост постапуваат согласно одредбите од Законот за заштита на населението од заразни болести и Одлуките кои ги носи Владата на РСМ а се однесуват на спречување на ширење на КОВИД 19.

„Заклучно со 20.12. 2021 во полициски асистенции заедно со ДПИ затекнати се седум лица со фалсификувани сертификати (едно во Тетово и по три во Скопје и Битола), како и по две лица со фалсификувани сертификати откриени при влез во РСМ (двајца на ГП Горно Блаце и двајца на ГП Блато). Исто така откриени се и шест лица без сертификат (сите во Тетово) а кои биле затекнати во различни угостителски објекти“, ни одговорија од МВР.

Првичното носење на оваа мерка, која почна да важи на 18 август предвидуваше сертификат за барем една доза од вакцините против коронавирусот, а истата беше надополнета, па сега се бара доказ за вакцинација со две дози или прележан ковид не повеќе од 45 дена.

МВР на по кафеаните само ако ги викне ДПИ – Инспекторите пак, ако ги викнат редарите

Четири месеци по воведувањето на оваа мерка, прашавме во Министерството за внатрешни работи колку се почитуваа оваа мерка, односно колку лица се казнети за фалсификување или непоседување на сертификат. Од таму ни посочија дека полицијата врши поддршка на Државниот пазарен инспекторат, кој пак реагира доколку вработените се посомневаат за злоупотреба и ги повикаат инспекторите.

„Како што е познато, по однос на контролата на лицата во угостителските објекти, сопствениците на објектите треба да ангажираат редарска служба, односно редари вработени во лиценцираните агенции за обезбедување кои имаат овластување за легитимирање, а доколку вработените се посомневаат во можна злоупотреба на сертификатот можат да повикаат инспектори, кои во содејство со полициски службеници ќе извршат контрола на лице место. Напоменуваме дека полицијата на барање на Државниот пазарен инспекторат врши поддршка при спроведување на таквите контроли во угостителските објекти кои што се во законска надлежност на ДПИ“, велат од МВР за „Ден“.

Во меѓувреме, бројот на заразени од коронавирусот во Македонија опаѓа, но расте стравот од влезот на новиот сој омникрон во земјава. Овој сој ќе биде дочекан од новиот министер за здравство, откако поради новиот коалиционен партнер, Алтернатива, Венко Филипче нема повеќе да биде прв човек на овој ресор.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement