Ден

МВР: 103 лица изминатите 24 часа не го почитувале полицискиот час

Според статистиката на Министерството за внатрешни работи во текот на изминатово деноноќие на територијата на државата по однос на непочитување на забраната за движење во периодот од 21 до 05 часот, полицијата евидентирала 103 лица кои не ја почитувале оваа мерка, при што 63 лица биле приведени во полициска станица, 31 лице се опоменати и воедно биле сочинети и девет записници на место на настан.

Од МВР информираат дека во текот на вчерашниот ден евидентирани се 39 лица на кои им се издадени решенија за изолација и 111 граѓани кои на граничните премини потпишале изјави за самоизолација.

Извршени се и 61 контрола во угостителски и други објекти и утврдено е дека само во еден случај не се почитувале препораките и мерките на Владата.

Можеби ќе ве интересира:

Уапсени две лица, полицијата им нашла марихуана

Опожарено возило на паркинг во Скопје

За 24 часа регистрирани 585 лица кои не носеле маски

×

Следете не