Ден

Мемеди: Ибрахими беше дел од сценариото за 27 април, затоа ја пееше химната

Весел Мемеди, поранешен пратеник и потпретседател на македонскиот парламент, претпладнево во Кривичниот суд сведочеше во случајот за организаторите на настаните од 27 април во 2017 година. Во изказот тој одговари и на моментот на пеење на албанската химна на говорницата од пратеникот на БЕСА, Зекирија Ибрахими.

„Убаво се сеќавам дека Крсто Мукоски се јави за процедурално и почна да ја пее македонската химна. Во тој момент видов дека Артан Груби и Џевад Адеми, кои седеа пред мене, се пријавија за збор, а по нив забележав дека истото го стори и Зекирија Ибрахими, кој беше десно од мене. Кога заврши Мукоски, претседателот Трајко Вељаноски му даде збор на Ибрахими, иако пред него се пријави Груби и Адеми кој негодуваше зошто Ибрахими добил предност“, рече Мемеди во судницата.

Тоа, според него, упатувало на организирано сценарио за што како причини ги наведе предноста ја добил Ибрахими во однос на Адеми и Груби и однесувашњето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во еден момент почнаа да викаат „тишина“. Потоа стана пратеникот Димитар Стевананџија кој се обрати до колегите до „тишина, тишина“. Моја претпоставка е дека тоа беше со цел убаво да се слушне надвор што се случува внатре. Ова го велам денеска по три години од случувања, а ако ме прашате ќе го повторам и по 15 години“, додаде Мемеди.

На ова се надоврза одбраната која го праша Мемеди „дали слушнал дека Стевананџија вели само „тишина, тишина“, дали тоа го правел за да се слушне албанската химна или тоа е само негова претпоставка“ на што одговори дека е негова претпоставка. Но, нагласи дека Стевананџија станал и побарал тишина во моментот на пеење на албанската химна.

Мемеди потоа беше прашан „дали може пратеник да го повлече пријавувањето за збор, односно дали е можно пратениците Адеми и Груби да се откажале од дискусија, а тој да не видел“, меѓутоа тој остана на претходно кажано дека не само што тие се пријавиле за збор туку и реагирале кога Вељаноски му дал збор на Ибрахими.

Одбраната го праша Мемеди „дали смета дека и пратеникот Ибрахими бил дел од сценариото“ на што одговори „апсолутно, не се сомневам со тоа“.

Ова беше второ сведочење на Мемеди во судница. Во улога на сведок тој беше и во предметот за настаните во Собранието од 27 април во 2017 година во кој со обвинението беа опфатени 33 лица од кои 15 подоцна добија амнестија.

Можеби ќе ве интересира:

Полициски час од недела во 11 часот до вторник во 5 наутро

Чулев: Очекуваме зголемен број на мигранти со олабавувањето на мерките

Спасовски: Ниеден верски лидер не е посилен од државата, за полицискиот час ќе одлучуваме денеска

×

Следете не