Ден

Металика донираа 750.000 долари за пожарите во Австралија

Легендарниот хеви метал бенд Металика објави дека ќе донираат 750.000 австралиски долари на локалната австралиска противпожарна служба , ако и на Државната противпожарна управа во Викторија, за да ги поддржат нивните напори во борба против пожарите, известува Ролинг Стоун.

„Вести за страшните пожари кои зафатија милиони хектари ширум Австралија, а особено Нов Јужен Велс и Викторија, доаѓаат од сите страни, Последиците врз жителите, животните и животната средина навистина го кршат срцето. Ве молиме да ни се придружите и помогнете колку можете“, стои во соопштението на бендот.

Донацијата на Металика значи дека бендот осигура исто пари колку и сопственикот и извршниот директор на Амазон и моментално најбогатиот човек на планетата – Џеф Безос, кој донираше милион австралиски долари, што е 0,000009% од неговите годишни приходи.

Експертите процениле дека штетата која ја направиле пожарите би можела да биде проценета на 3 милијарди долари.

Можеби ќе ве интересира:

Бидете одговорни: Пандемијата уште не е готова

Шопинг во време на пандемија: Како да тестирате парфеми безбедно?

Како да исчистите пегла која загорела?

×

Следете не