Ден

Мизрахи за знамето на ВМРО-ДПМНЕ: Интервјуто не е снимано во Министерството, туку во просториите на партијата

„Дозата на сензационализам на која одредени кругови инсистираат е симпатична, дури и кога е неточна. Но, ако ме прашаа ќе им кажев дека интервјуто не е снимано во Министерството, туку во просториите на ВМРО-ДПМНЕ. Секако мислам дека се поважни проблемите за кои говорам, а најважни, решенијата кои заедно ќе ги донесеме“, пишува новата минстерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи на информациите дека во својот кабинет ставиле знаме на ВМРО-ДПМНЕ.

Еден од оние кои реагираше беше и градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.

„Мила Царовска влезе во политика од НВО секторот. Во кабинетот како министерка имаше и непартиски луѓе, од кои тогашната шефица на кабинет, а денес заменик министерка Санела е една од тие. Новата министерка Мизрахи од ДПМНЕ, прв ден, прв чекор на работа – знамето на ДПМНЕ во кабинет!, пишува Богоев на својот Фејсбук профил.

„3 години се двои партија од држава за во еден ден да го покажат старото, грдо, грујово режимско лице. Се е исто само него го нема (во Будимпешта е). Нужно е ДПМНЕ повторно да биде поразено! И ќе биде!“, додава Богоев.

Можеби ќе ве интересира:

Забелешките на Венецијанската комисија за Законот за јазиците ќе се анализираат по изборите

Stefanija Kuzmanovska

Дрецун: Постои бугарски шпионски центар во Скопје, Бугарија да престане со идејата за враќање на Санстефанскиот договор

Никола Поповски

Пендаровски-Ривлин: Двете држави ја споделуваат трагедијата на Холокаустот

Stefanija Kuzmanovska