Ден

Милошоски: Неодговорно е градоначалникот на Гази Баба да троши 245.000 € за партиски вработувања

За справување со Корона-кризата ќе бидат потребни многу средства, посочува Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Затоа е неодговорно градоначалникот на Гази Баба да троши 245.000€ за привремени партиски вработувања.Овие средства на даночните обврзници покорисно е да се пренаменат за помош на здравството, за вработените во стопанството. Вака недомаќинското трошење на пари не треба да се покрива преку спуштање на минималец од 14.500д на целата администрација, пишува на својот Фејсбук профил Милошоски.

Можеби ќе ве интересира:

Полицијата со засилена контрола дали се носат маски

Во сабота завршува вонредната состојба, почнуваат да течат роковите за избори

Почнаа со работа кафулињата и рестораните под посебни протоколи

×

Следете не