Ден

Митревски: Дефанзивата е предуслов до посакуваната победа

Голманот на македонската ракометна репрезентација Никола Митревски ветува дека тој и неговите репрезентативни колеги ќе одговорат на дефанзивните задачи што е предуслов да се дојде до посакуваната победа над Австрија во 3. коло од Групата Б на Европското првенство.

– Натпреварите се добиваат со добра одбрана. Можеме да ги спуштиме нивните бекови на петнаесетина погодоци, а доколку ги затвориме страничните играчи и нивните пикери, можеме да ги победиме. Со евентуална победа со два-три разлика ќе го анулираме поразот од Чешка, истакна Митревски.

На македонската репрезентација за сигурен пласман и е потребна победа. Почетокот на натпреварот во „Штадхале“ во Виена е во 18 часот и 15 минути

Можеби ќе ве интересира:

Таткото на Ноле: Димитров е виновен за заразата

Надал: Не сакам да гледам натпревари без навивачи, ништо не може да ја замени нивната енергија

Арсенал во преговори со Обамејанг за да го задржи до 2023 година

×

Следете не