Connect with us

Дневно

Мицкоски не дојде да сведочи за упадот во Собранието на 27 април

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не дојде во Кривичниот суд во Скопје, каде беше повикан како сведок на одбраната за предметот за организаторите на 27 април.

Од одбраната рекоа дека Мицкоски бил спречен од приватни причини да дојде во судот денеска и да сведочи.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование и наука, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски и ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски. Четворицата се товарат за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

На денешното рочиште сведочеа ексградоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, поранешниот лидер на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски и двајца други сведоци.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement