Ден

Мицкоски објави селфи со разрешената министерка Рашела Мизрахи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски доцна ноќеска објави фотографија со разрешената министерка Рашела Мизрахи на својата Фејсбук страница.

-Дисидентите! Зошто? Затоа што ја сакаат мајка Македонија!, напиша Мицкоски на сликата.

Во раните утрински часови Собранието ја разреши министерката Раше Мизрахи. Со 62 гласа „За“ и 26 „Против“ пратениците во 03:50 го прифатија предлогот на техничкиот премиер Оливер Спасовски за разрешување на Мизрахи од ресорот труд и социјална политика, бидејќи не прифати да ја промени таблата на која стои името Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира:

Заев: Продолжуваме да го следиме примерот на Трајковски,кој вечно ќе остане запаметен како проевропски политичар

Од ЕДЕН бараат Владата да преземе дополнителни мерки за спречување епидемија со коронавирус

ДС бара одговорност за злоупотреба на приватноста за политички цели

Влатко Зорба