Мнозинството од граѓаните немаат доверба во Владата, покажува истражувањето на МЦМС

Мнозинство од граѓаните (56,6%) немаат доверба во Владата, односно изјавиле дека целосно (38,0%) или до некаде (18,6%) немаат доверба. Извршната власт ја ужива довербата на 42,0% од граѓаните кои рекле дека целосно (11,1%) или до некаде (30,9%) имаат доверба во неа. Меѓу оние кои немаат доверба, побројни се етничките Македонци од кои речиси две третини (64,4%) рекле дека немаат доверба, за разлика од околу една третина (33,9%) кои имаа доверба во Владата. Речиси обратна е ситуацијата кај етничките Албанци од кои 61,8% рекле дека имаат доверба во Владата. Припадниците на другите заедници се речиси поделени во довербата односно недовербата, а за 3 отсто се побројни оние кои имаа доверба во Владата (51,5%).

Овие бројки произлегуваат од истражувањето на јавното мислење на МЦМС, објавено денеска.

Статистика од истражувањето на МЦМС

Разлики можат да се забележат и во однос на местото на живеење на испитаниците. Оние кои живеат во град имаат помалку доверба (38,6%) за разлика од испитаниците кои живеат во село (47,1%). Најизразени се разликите кај симпатизерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Големо мнозинство од симпатизерите на СДСМ (96,1%) имаа доверба во Владата, а речиси ист процент од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ (96,6%) немаат доверба во неа.

„Довербата во Владата е релативно висока ако се има предвид контекстот во кој работи. Таа секојдневно е предмет на критики заради справувањето со здравствената криза, неможноста да се операционализираат дел од нејзините политики поврзани со економските прашања, проблемите со европските интеграции итн. Довербата е благо зголемена во однос на претходната проверка што ја направи МЦМС во март 2018 година кога 38,3% од испитаниците рекле дека целосно или до некаде и имаат доверба во Владата. Иако МЦМС редовно прави проверка на довербата во Владата, овде е направена споредба со последното истражување затоа што тоа се однесува на Влада предводена од СДСМ“, стои во анализата на МЦМС.

Анкетирањето на граѓаните е направено преку телефонска анкета, на повеќеслоен стратификуван примерок од 1003 испитаници постари од 18 години, национално репрезентативен според пол, возраст, етничка припадност, регион и место на живеење. Анкетирањето е правено на македонски и на албански јазик. Сите резултати се подложни на статистичка грешка од ±3,0% со прифатливо ниво на доверба од 95%.

Испитувањето на јавното мислење е извршено во периодот 17 до 24 март 2021 г. кое за МЦМС го спроведе агенцијата М-проспект.

loading...

Останати вести

Приведена прилепчанка во Скопје, полицијата и нашла пиштол со куршуми

admin

Уапсени 4 лица, биле затекнати во претходно затворен угостителски објект

admin

Фајзер изработува вакција против Ковид-19 која не мора да се чува на -70 степени

admin