Може ли безбедно да се користат јавните тоалети во време на пандемија?

Јавните тоалети се нешто што ни создава многу главоболки, особено ако е итно, а знаеме дека многумина ги користат истите.

Во трговски центри и угостителски објекти, овие тоалети се чистат и по неколкупати во денот, но тоа не значи дека не треба да сте претпазливи на секој можен начин, особено кога допирате кваки и други површини, па дури и кога користите закачакла за чантата или палтото.

Од една страна, пандемијата ја зголеми свесноста за редовното одржување на хигиената во ваквите тоалети, но веќе знаеме и дека постојат случаи на зараза кога на површината која лицето ја допрело имало активен коронавирус. Сигурно е стресно постојано да ги дезинфицирате рацете, но носењето на дезинфекциски марамчиња во чантата или соодветен мини-спреј е само еден начин да се осигурате дека самите сте направиле доволно да се заштитите.

Ако сте со пријатели, можете да ги замолите да ви ги причуваат чантата и палтото додека го користите тоалетот. Задолжително измијте ги рацете, а вратата отворете ја со помош на лактот или користете бришачи за раце, за да не ја допирате директно потенцијално контаминираната површина. Не ја вадете ниту маската од лицето, бидејќи веќе е докажано дека во воздухот може да се задржат честички кои го содржат вирусот.

Обидете се да завршите што побрзо. Избегнувајте да користите кабини од кои штотуку излегол некој. Ако не е многу итно, воздржете се додека да отидете дома. Доколку е возможно, затворете го капакот кога го испуштате казанчето, за да не придонесете и самите во распрскување на контаминирани честички.

Тоа е она што можете вие да го направите. Ако тоалетот е евидентно нечист, воопшто не го користете.

Сепак, оваа пандемија воведува, а и понатаму ќе воведе нови стандарди во одржување на хигиената во ваквите простори. А вие, држете се до препораките кои веќе ги знаете.

loading...

Останати вести

Уапсен агент за недвижности кој ист имот продавал на повеќе купувачи

Elena Daskalova

Брнабиќ, Кишиќ и Кон примија вакцина, почна имунизацијата во Србија

admin

Разбистри сѐ: Владата да овозможи јавен увид на извештајот за Охридскиот Регион до УНЕСКО

admin