Connect with us

Магазин

Може ли чајот од камилица да биде штетен за вас?

Многумина од нас за чаевите сметаат дека се здрави и дека е добро да ги пиеме во големи количини, особено чајот од камилица, кој е познат по своите смирувачки и терапевтски својства, но во исто време е и вкусен и ароматичен.

На пример, не смеат да го пијат оние кои имаат изразена алергија на поленов прав, бидејќи се користи целиот цвет за да се подготви чајот. Исто така, не треба да го пиете доколку користите антикоагуланти, лекови за притисок, за дијабетес и седативи и/или антидепресиви. Активните состојки може да предизвикаат овие лекови да не делуваат доволно или пак да го намалат нивното дејство.

Дури и за природните лекови е потребна консултација со лекар, доколку имате одредени акутни или хронични состојби кои бараат повремено или постојано третирање. Доколку сте потполно здрави, можете да консумирате чаеви кои ви се допаѓаат, но ако имате каква и да е состојба, добро би било да разговарате со докторот кој ја следи ситуацијата и кој ќе ви препорача кои природни лекови се соодветни за вас, а кои не.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement