Ден

„Монструм” продолжува таму каде што застана

Судскиот процес „Монструм” за петкратното убиство кај Смилковското езеро на кратко се врати на почеток, но во согласност со одбраната продолжи таму каде што застана.

На местото на Лилјана Ивановска-Кочковска е назначен нов поротник, а поставен е и резервен бидејќи наскоро истекува мандатот на уште една поротничка во судечкиот совет.

„Заради ефикасност на постапката, начелото за судење во разумен рок и пред се Уставно загрантираните права и обврски на обвинетите и оштетните во постапката, одбраната се согласи наместо повторно изведување на доказите, судењето да почне формално од почеток само со пренесување на сите досегашни изјави и изведени докази во новиот записник, со што расправата продолжи онаму каде и претходно застана, а тоа е со изведување на нови докази и сослушување нови сведоци. На овој начин судот, во согласност со одбараната, а постапувајќи според Законските одредби не дозволи дополнително одолговлекување на постапката, што е од интерес пред се на обвинетите и оштетените во предметот“, велат од Кривичен.

Слуајот „Монструм“ во ноември 2017 беше вратен на повторно судење од страна на Врховниот суд, кога највисокиот суд ги укина пресудите. Тогаш случајот го презеде СЈО, а по неговото згаснување предметот се врати на редовното, односно во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Можеби ќе ве интересира:

Осуммина починати, 136 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус

Малолетник прободен кај Зелен пазар во Скопје

Лични карти и пасоши во Скопје ќе се издаваат и во сабота и недела

×

Следете не