Навикнете го вашето куче на нова храна без проблеми

Нашите миленици имаат навики исто како и нас, а кога треба да воведете нова храна на вашето куче, поради која и да е причина, може да се случи да ја одбива и да не сака да ја јаде, иако мора.

Кучињата и мачките се најчестите избори за домашен миленик кај луето и нивните навики најчесто се во склад со нашите. Исто така, може да се случи да се разболат или да покажат алергија кон одредена храна, па еве што можете да направите доколку треба да ја смените исхраната на вашето куче:

Одберете го внимателно брендот

Сигурни сме дека го сакате најдоброто за нив, па затоа и веруваме дека ќе ја одберете најдобрата и најквалитетната храна, верувајќи дека ќе го олесните процесот на адаптација.

Почнете полека

Не ја исфрлајте старата храна наеднаш, бидејќи полна чинија од нешто што го немаме пробано, на никого не му влева доверба, а уште помалку можете да го изманипулирате својот миленик со тоа. Затоа, можете да воведете процес на транзиција, односно ако е можно, да ги мешате стариот и новиот вид на храна, за да може кучето да се навикне на неа.

Почекајте да видите дали ќе има реакции

Некогаш вашето куче може да реагира со дигестивни проблеми, дијареја, па дури и со стрес и анксиозност на промената на храната. Морате да бидете внимателни пред да ја зголемите количината, исто како што би правеле ако во прашање беше дете.

Трпението е клучно

На сите ни е потребен период на адаптација кон новите нешта, па милениците не се исклучок од тоа правило. Поради ова веќе советувавме одреден период да ја мешате старата со новата храна, за да бидете сигурни дека со тек на време ќе ја прифати.

loading...

Останати вести

Која е симболиката на 12.12.2020?

Elena Daskalova

Дали мачката смее да јаде свежо месо?

Elena Daskalova

Посна баклава со суви сливи за Св. Никола (РЕЦЕПТ)

Elena Daskalova