Ден

Надал: Не сакам да гледам натпревари без навивачи, ништо не може да ја замени нивната енергија

Тенисерот Рафаел Надал се произнесе за условите под кои ќе се игра Грен слемот „Ролан Гарос“ оваа есен.

„Денес мора да преземеме мерки на претпазливост и да сториме сé за да ја обезбедиме безбедноста и здравјето на целата тениска заедница. Мислам дека за иднината, не од гледна точка на тенисот, туку од гледна точка на медицината и строго почитување на санитарните стандарди во ред е да нема публика. Во фудбалот, оваа практика е веќе воведена, но не сакам да гледам натпревари без гледачи. Без навивачите, сè е различно и ништо не може да ја замени енергијата што ја создаваат тие“, изјави Надал.

Можеби ќе ве интересира:

Таткото на Ноле: Димитров е виновен за заразата

Арсенал во преговори со Обамејанг за да го задржи до 2023 година

Скарони: Утописка е можноста клубот брзо да се врати на старата слава

×

Следете не