fbpx
Connect with us

Македонија

Наместо пад на владата, се посигурно е поголемо парламентарно мнозинство

Наместо пад на владата на Зоран Заев што до вчера беше голема можност, на повидок е поголемо парламентарно мнозинство без коалициониот партнер на СДСМ, Движењето Беса, но со поранешните членови на оваа партија, сегашните водачи на партијата Алијанса.

Вчерашниот турбулентен ден кулминираше со 60 пратеници за гласање за пад на владата, 59 пратеници надвор од салата, но во Собранието и еден пратеник мистериозно исчезнат, кој подоцна се јави на социјалните мрежи дека се сокрил од своите сопартијци, бидејќи добивал низа закани, а не сакал да гласа за уривање на актуелната влада.

Пратеникот од Алтернатива, Скедер Реџепи, кој вчера беше подготвен да даде зелено светло за пад на владата предводена од СДСМ, денеска вели дека сега постојат две можности, да се излгласа буџетот за 2022 година и да се оди на предвремени избори, или пак тие да го пополнат местото на Беса во владата, а владејачкото мнозинство да брои 63 пратеника, односно 64, вклучувајќи го и Кастриот Реџепи од Беса, кој вчера не дојде во Собранието.

„Ние сме политичка партија која е многу совесна со сите начела и политички предизвци што доаѓаат. Вчера не знам што се случи иако требаше да падне власта. Се случи нешто што можеби демократски е неочекувано, но настаните беа такви какви што беа, и денешниот ден државата го почна со една тешка политичка криза во која што не очекуваат уште потешки времиња особено месецов што доаѓа, со тоа што доаѓаме пред два големи предизвика. Едниот е или како држава или сите политички чинители да седнат или консензуално да го донесат буџетот, па да одат на брзи парламентарни избори или да се прошири мнозинството. Овие денови партиските тела ќе седнат на состаноци и ќе одлучат кои од двете опции е поважна за државата, граѓаните, ставајќи ги во прв план нив а после партиските интереси“, изјави Реџепи.

И додека сите очекуваат кулминација, премиерот Заев посочи дека се останува на чело на државата и на владејачката СДСМ само додека не се осигура цврсто парламентарно мнозинство, по што ќе го исполни ветувањето дадено по вториот изборен круг, односно повлекување од политиката.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement