Наместо Фајзер, пратениците добија Спутник В, Трајанов се чувствува измамено

Наспроти најавите дека пратениците ќе се вакцинираат со Фајзеровата вакцина, утрово тие добија прва доза од руската вакцина Суптник В. Оваа одлука „паднала“ под притисок на јавноста, за пратениците да не бидат привилегирани пред останатите граѓани, додека пак пратеникот и лидер на Демократски Сојуз, Павле Трајанов, вели дека се чувствувал измамено и дека се води „Фејсбук политика“.

„Не може од Фејсбук да се гради политика. Ако некој напише дека пратениците се привилегирани и ќе се вакцинираат со Фајзер и сега менува министерот на Спутник. Тоа е крајно катастрофална и неодговорна ситуација. Едно беше најавата, сосема друго излезе во пракса.Сите се практично вознемирени бидејќи испадна класична замена, да не кажам превара“, вели Трајанов.

Дел од останатите пратеници пак, тврдат дека никој не ги известил со која вакцина ќе бидат имунизирани, па затоа не се чувствуваат измамено. Претседателот на Собранието, Талат Џафери пак, вели дека по имунинзацијата, очекува конечно Законодавниот дом да продолжи да работи без пречки.

„Моја обврска беше да доставам список со  потребни податоци на сите пратеници и службеници, а негодувањата, тоа е нивно право. Секој има право да негодува и да се одлучи дали ќе прими или не вакцина и не можам да се мешам во таа одлука“, рече Џафери.

loading...

Останати вести

Јанчев, Таравари и Димитриевски имаат најголема доверба од граѓаните меѓу градоначалниците

admin

Заев : Владата никогаш нема да посегне кон цензура, со вистината се бориме против лажните вести

admin

Уапсени двајца скопјани, полицијата им нашла марихуана

admin